26-ТА ПРОСЛАВА НА БАДНИК ПРЕД СОБОРНИОТ ХРАМ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ 30.1.2018
Пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ денеска /06.01.2018 година, сабота/ се одржа традиционалниот народен собир по повод големиот христијански празник Бадник.
Кум на годинешното одбележување на Бадник во Скопје е Влатко Огненовски – Шеф, додека здравичар е Стефан Хаџи Николов – Штеф.
На традиционалното делење на бадниковите гранчиња на платото пред Соборниот храм денеска присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој му го предаде бадникарскиот ќуп на новиот кум.
Градоначалникот Шилегов на присутните и на сите христијани од православна вероисповед им ги честита Бадник и божиќните празници, пожелувајќи им добро здравје и благосостојба.
- Ова се празници коишто не зближуваат со најголемото богатство, а тоа се нашите семејства и пријатели. Токму вечерва, на бадниковата вечера, и утре кога го славиме Божиќ, всушност ќе почуствуваме колку малку е потребно за да бидеме малку подобри луѓе од тоа што сме биле во минатото. Дозволете ми да Ви посакам тој мир да го пронајдеме секој во себе, да го имаме постојано со нас, затоа што еден е живото кој што го живееме, затоа што тој живот треба да го посветиме на човечноста – кажа радоначалникот Шилегов.
Со пригодна беседа пред скопјани денеска се обрати и Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан кој ја благослови погачата што беше поделена меѓу верниците.
Традиционалното одбележување на Бадник пред Соборниот храм годинава се одржа по 26.пат.
По завршувањето на средбата делегација на Одборот за прослава заминаа за Злокуќани во домот за стари лица, каде на лицата кои престојуваат во него им доделија пригодни подароци за Бадник.
Народниот собир е во организација на Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“, а е поддржан од Градот Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
