10.08.2017 13.8.2017

Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе почне на 05.08.2017 (авионско) и на 06.08.2017 (терестрично), односно:

1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 05.08.2017 (сабота) и на 06.08.2017 (недела), во раните утрински часови.

2. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 06.08.2017 до 10.08.2017 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.