ОД ПЕТОК ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ ВОЗРАСНИ ФОРМИ НА КОМАРЦИ 12.9.2018
Градот Скопје известува дека петтата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе почне во петок (14.09.2018 година), односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се изврши во петок (14.09.2018 година) и сабота (15.09.2018 година), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе почне на 16.09.2018 година (недела) и ќе заврши најдоцна до 20.09.2018 година (четврток), и истото ќе се реализира во период од 23 до 04 часот.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионското прскање ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
