ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ЛАРВИ ОД КОМАРЦИ 17.7.2018

 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во наредниот период ќе се изврши прскање против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје, односно:

 

 1. Авионската дезинсекција, на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 14.07.2018 (сабота), во раните утрински часови.

 

 2. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 16.07.2018 (понеделник), во текот на денот.

 

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

 

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.