ОТВОРЕН СПОМЕН- МУЗЕЈОТ НА ФРАНЦУСКИТЕ ВОЕНИ ГРОБИШТА 09.6.2018
Градоначалникот Шилегов и Кристиан Тимоние, амбасадор на Франција во нашава земја, денеска по повод одбележувањето на настаните од Првата светска војна во Скопје и во Битола и пробивот на Македонскиот фронт, ја отворија Спомен-куќата и музеј на Француските воени гробишта во Скопје.
- Ми претставува особена чест што ја имам можноста да Ви се обратам на одбележувањето на годишнината од пробивот на Македонскиот фронт. По тој повод, денеска Скопје го добива овој музејски простор кој не само што ќе сведочи за Македонскиот фронт, туку и ќе биде симбол на врските и пријателството меѓу Франција и Македонија. Македонскиот фронт, кој се протегал од Охридското Езеро, па се до Орфанскиот Залив во Егејското Море е линијата каде што се одиграле едни од најкрвавите, но и најпресудни битки во Првата светска војна. Голем дел од градовите и селата по должината на линијата на фронтот се срамнети до земја, а околу 200.000 Македонци учествуваат на двете страни од боиштето. Тука војуваат и француски, и руски, и српски, и грчки, и бугарски војски, а како што запишал еден современик на тие настани: Македонија станала некропола на странските војски - истакна Шилегов.
Тој додаде дека само на ова место се наоѓаат посмртните останки на 2930 француски војници, од кои единствено 930 се идентификувани, а никој не може да каже дека во преостанатите 2000 незнајни војници нема и некој од овие краишта.
- Историјата ништо не ќе каже за обичните војници кои жртвуваа се што имаа, таа зборува само за водачи, генерали, статистики... Но, овој музеј и ова дрво ќе бидат симбол на пожртвуваноста и храброста на сите знајни и незнајни херои, но истовремено и опомена никогаш да не се повторат ужасите од војната - порача Шилегов.
На Француските воени гробишта во Скопје се наоѓаат тела на војниците коишто загинале за Франција во времето на нападот на Сојузничките армии во Македонија во насока на Скопје во септември 1918 година.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
