НАУМ ХАНА И ХРИСТИЈАН СЕ ПРВИТЕ БЕБИЊА ВО СКОПЈЕ ВО 2016 ГОДИНА 15.1.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Mинистерот за здравство, Никола Тодоров денеска /01.01.2016 година, петок/ на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар ги посетија првите бебиња што се родија во Скопје во Новата 2016 година.
Првите бебиња во 2016 година се родени во 00:01 минута по полноќ. Едното е машко бебе и се вика Наум, тешко е 3 килограми и 700 грама, а долго 52 сантиметри, од мајката Јована Андоновска Буриловска, на која ова и е трето дете. Другите две бебиња се близнаци, машко и женско, од мајката Александра Андонова, на која ова и се први деца. Женското бебе се вика Хана, тешко е 2 килограми и 290 грама, а долго е 47 сантиметри, а машкото бебе се вика Христијан и е тешко 2 килограми и 250 грама, а долго е 48 сантиметри.
- Со задоволство им честититам на мајките и на семејствата на новороденчињата и им посакувам среќни новогодишни и божиќни празници, а на бебињата им посакувам многу здравје. Трите првородени бебиња значат дека ќе имаме бериќетна година. Во новата 2016 година посакувам да имаме повеќе новороденчиња отколку во 2015 година - изјави Градоначалникот Трајановски.
Градот Скопје традиционално на првородените бебиња во новата година им подари три штедна книшки со по 20.000 денари и други пригодни подароци
Градоначалникот Трајановски ја искористи приликата да им ја честита Новата 2016 година на своите сограѓани и да им пожели добро здравје, среќа, љубов и успех.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
