ПРВО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ГОДИНАВА 08.4.2016

Градот Скопје ги известува граѓаните дека првиот наврат од авионската дезинсекција против ларви од комарци во 2016 година ќе се реализира на 06.04.2016 год., додека првиот наврат од терестричната дезинсекција против ларви од комарци во 2016 ќе се реализира на 07.04.2016 год. на подрачјето на град Скопје,  односно:

1. Првиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 06.04.2016 година, во период од 06 до 12  часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта,  канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.

2. Првиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестична) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 07.04.2016 година, во период од 09 до 17 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите стоечки водени површини во градот Скопје ( канали, езера во Градски парк, езеро Треска и по течението на реката Вардар).

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата против ларви од комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и соодветната терестрична дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.