ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ГРАД СКОПЈЕ ИНТЕНЗИВНО РАСЧИСТУВА НА ТЕРЕН 24.1.2017
Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари и истите во моментов се расчистени и проодни.
ЈП „Комунална хигиена“ со 100 работници на терен го расчистува снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини.
Во централното градско подрачје, расчистувањето се врши на плоштадите: „Македонија“, „Пела“ и ВМРО, се расчистува Старата Чаршија, како и пешачките патеки и тротоарите на мостовите: „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата.
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во моментов работат на расчистување на снегот на следните улици и булевари:
-Во општината Центар: ВМРО, Димитрија Чуповски, Филип Втори, 11-ти Октомври, Крсте Мисирков, Мајка Тереза, Кочо Рацин и Илинденска.
-Во општината Карпош: Партизанска.
-Во општината Кисела Вода: Потегот од 11-ти Октомври до Градската болница и бул. Борис Трајковски.
-Во општината Аеродром: булеварите Јане Сандански и Кузман Ј. Питу.
-Во општината Чаир: булеварот Втора македонска бригада и улиците: Кемал Сејфула, Џон Кенеди, Христијан Т. Карпош и Цветан Димов.
-Во општината Бутел: Кемал Сејфула, Александар Урдаревски, Босна и Херцеговина.
-Во општината Гази Баба - булеварот Александар Македонски, Војводина, Коце Металец и Благоја Стефковски
-Во општината Ѓорче Петров - улицата Ѓорче Петров.
Расчистување се врши и пред Владата и Собранието на РМ, како и на просторот пред Градската болница.
Во првата смена, во расчистувањето на нападнатиот снег се ангажирани вкупно 100 работници, додека од механизацијата се користат: шест мотокултиватори, едно специјално возило „хијета“, како и три патарки за расфрлање сол.
Активностите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат во текот на целиот ден.
Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ фрлија 113 тони сол на градските булевари и улици.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.
- ВЕСТИ
- 13.09.2024 - Соопштение за јавност
- 11.09.2024 - Соопштение за јавност: Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата
- 07.09.2024 - Соопштение за јавност
- 06.09.2024 - Jавен повик за времено работно ангажирање на образовни асистенти-проект за општествено корисна работа
- 03.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 30.08.2024 - Отворено писмо до Претседателот на Владата на РМ
- 29.08.2024 - Соопштение за медиуми
- 27.08.2024 - Соопштение за јавност