ГРАДОТ СКОПЈЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО ГОЛЕМАТА АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ И РАЗУБАВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 30.5.2018
Градот Скопје се вклучи во големата акцијата за чистење и разубавување на животната средина која се организира на иницијатива на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС.
- Во оваа акција учествуваат сите градските јавни претпријатија со сета механизација и човечки потенцијал. Секоја од општините во Скопје и Градот Скопје ги чистат реоните за кои се надлежни. Оваа голема акција ја започнуваме со чистење на бул. „8ми Септември“, на потегот од бул. „Илинден“ до ул. „Скупи“. Заложбата за почиста и поздрава животна средина за сите е еден од најважните приоритети на нашето делување – кажа Ваљон Салиху, портпарол на Град Скопје.
![]() |
![]() |
Оваа е само една од бројните активности која Градот Скопје и јавните претпријатија изминатиов период ја спроведоа во насока на зголемување на чистотата и јавната хигиена.
- Изминатиов период се организираа акции за чистење на градот од диви депонии и миење на улиците. Граѓаните на Скопје во акцијата „Пријави депонија“ пријавија над 200 диви депонии, кои една по една ги чистиме. Сакаме да ја искажеме нашата благодарност на сите граѓани кои активно се вклучија и ни помогнаа во мапирањето на дивите депонии во Скопје – раче Салиху.
![]() |
![]() |
Градот Скопје ги повикува сите граѓани, сите општествено одговорни фирми, институции и невладини организации да се приклучат и да помогнат во оваа акција за чисто и незагадено Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
