РЕАКЦИЈА 03.7.2017
Градот Скопје реагира на информации објавени во неколку медиуми каде истите инсинуираат дека Градот Скопје наводно ќе потрошел 570 илјади евра за одржување и осветлување на градските часовници.
Сметаме дека информациите објавени во овие стории содржат невистините елементи и дека истите ги наведува читателите дека целокупните издвоени средства ќе се користат само за одржување на градските часовници.
Сакаме да ја информираме јавноста дека станува збор за обемна постапка која е деллива на три посебни делови со која се покриваат голем број на активности и обврски на Градот Скопје.
Тука влегува одржување и реконструкцијата на целосното улично и јавно осветлување и времени приклучоци (26,5 милиони денари), јавното осветлување на голем број на јавни објекти, како што се поголем број на објекти на плоштадот Македонија, Скопското кале, мостови... (5,5 милиони денари), како и за одржувањето на поголемиот број на градски часовници во Скопје (1,1 милион денари).
Ако се земе во предвид дека за одржувањето на градските часовници се наменети исклучително мал процент од целосната набавка, сметаме дека насловот на овие стории е несоодветен и може да ја доведе јавноста до заблуда.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
