РЕАКЦИЈА 12.2.2016
Почитувани господа од СДСМ,
нам не ни треба потсетување за да ја завршиме работата и да им помогнеме на сите жители на градот Скопје, без притоа да се фалиме за тоа.
Сакаме да ја информираме јавноста дека денеска /25.01.2016 година/ во 11 часот градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, се сретна со граѓаните чиишто домови настрадаа во пожарите што изминативе денови избувнаа во Шуто Оризари. На состанокот присуствуваа и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Амди Бајрам, градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам и заменикот-министер за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими.
Како што беше договорено на состанокот, на терен веднаш беа испратени екипи на ЈП „Комунална хигиена“ кои се погрижија да се расчисти штетата од огнената стихија.
На овој состанок, исто така, беше договорено оштетените граѓани до утре да ја достават потребната документација, за најдоцна до четврток на опожарените во Шуто Оризари да им бидат префрлени по 50.000 денари, како помош.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
