РЕАКЦИЈА 20.1.2016
По повод поголемиот број на објавени информации околу проблемите во соработката помеѓу неколку Оператори на погребни услуги и Градската општа болница „8-ми Септември“, Градот Скопје сака да ја информира јавноста дека нема законска надлежност и ингеренции за оваа проблематика.
И покрај немањето на законска надлежност, на барање на поголем број на Оператори на погребни услуги, во декември се одржа средба на нивните претставници со претставници на Секторот за комунални работи на Град Скопје.
На истиот состанок беа укажани надлежностите на Градот Скопје и договорено следното:
- Почитувајки го Законот за гробишта и погребални услуги, Градот Скопје до сите здравствени установи, Болници и Домови за стари лица на јавно и видно место има истакнато соопштенија со точни имиња на Оператори на погребни услуги и нивни адреси и тел. броеви, за да граѓаните по сопствен избор си изберат оператор кој ќе ја изврши услугата.
- До сите здравствени установи, болници и Домови за стари лица има испратено писма да имаат обврска да го почитуваат Законот за гробишта, односно при починување на лице во нивната установа единствено право на избор кој оператор ќе ја изврши услугата и ќе го превземе починатиот имаат членовите на семејството на починатиот и здравствените установи се должни да го почитуваат тоа.
На состанокот било утврдено дека Град Скопје ги исполнува своите законски обврски и дека околу останатите забелешки на Операторите Градот Скопје нема законска надлежност, и за тие треба да се обрати во соодветните надлежни институции.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
