РЕАКЦИЈА 29.8.2017
Градот Скопје сака да реагира на неточните информации кои беа објавени во дел од медиумите, најмногу базирани на изјавата дадена од страна на членот на Советот на Град Скопје, Драги Давчевски, поврзани со финансирањето на изградбата на Панорамското тркало.
Во средата /16.08.2017 година/ Советот на Град Скопје ја одржа својата на 82 седница, каде донесе Одлуката за давање на субвенции на ЈСП „Скопје“ – Скопје за 2017 година, со која се даваат 210 милиони денари субвенции за работењето на ова јавно претпријатие.
За оваа одлука, советникот Давчевски даде изјава до медиумите дека истите се предвидени за финансирање за изградбата на Панорамското тркало.
Сакаме да ја информираме јавноста дека оваа информација е неточна и дека овие средства немаат никаква врска со изградбата на овој објект. Градот Скопје секоја година на ЈСП му дава субвенции за покривање на загубите од потешкотиите во работењето и Градот Скопје никогаш не го финансирал панорамското тркало.
Предвидените средства за субвенции за ЈСП-Скопје се наменети за финансирање на имплементацијата на двата капитални проекти во јавниот превоз во Скопје, а тоа се електронската наплата и поставувањето на автоматска локација во сите автобуси во јавниот превоз во Скопје.
Станува збор за проекти со коишто се револуционизира јавниот превоз во Скопје, каде се унифицира плаќањето во сите јавни превозници, коко и се воведува контрола на движењето на сите автобуси.
За потсетување, системот за електронска наплата стартуваше од 1 јануари 2017 година во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, каде граѓаните ги заменија старите хартиени билети и слободните автобуски карти со нови електронски картички, коишто може да ги користат во автобусите на ЈСП и кај приватните превозници,со што е унифициран системот за јавен превоз. Паралелно со воведувањето на системот за електронска наплата, во автобусите на јавниот превоз се воведува и системот заавтоматска локација на возилата. Тој овозможува од контролен центар да се следатавтобусите во реално време, дали се запазуваат пропишаните возни редови, како и можност за навремени корекции, намалување на времето на чекање во согласност со моменталните случувања во сообраќајот на градските улици и добивање реална слика за бројот на превезените патници по категории. На автобуските стојалишта се поставени 50 информациски дисплеи преку кои патниците се информираат за времето на пристигнување на автобусите, а ќе бидат достапни и други комуникациски алатки за информирање.
Целта на воведувањето на електронската наплата на билетите и на автоматската локација на возилата од јавниот превоз е да се зголеми квалитетот на превозните услуги, како и бројот на патници во автобусите. Системот за автоматска локација и електронскиот систем за наплата е инсталиран во 600 автобуси од јавниот превоз, од кои 385 автобуси на ЈСП - Скопје, а 215 на приватните превозници. За реализација на овој проект Градот Скопје и ЈСП издвоија околу 3 милиони евра.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
