ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО РЕКОНСТРУИРА ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ НА ВОДНО 13.8.2018
Градоначалникот Шилегов денеска го посети планинарскиот дом на Водно, кој на барање на планинарите ќе биде реконструиран.
- Градот Скопје на барање на планинарите одлучи да го уреди планинарскиот дом на врвот на Водно. Овој планинарски дом е викенд свратилиште за голем број рекреативци, планинари и спортисти, гордост на градот и едно од омилените места од кое Скопје може да се види како на дланка. Овој планинарски дом долго време беше оставен на грижата на извесен број ентузијасти од Планинарскиот спортски клуб Бистра и други љубители на планинарењето кои се грижеа за одржувањето на овој објект и покрај ограничените услови за негово нормално функционирање – истакна Шилегов.
Градот Скопје заедно со градските претпријатија ги обезбедија основни услови за престој во планинарскиот дом, односно конечно е решен проблемот со водоснабдувањето на домот и во употреба е пуштен новиот тоалет.
- Почнати се и активности за урбано уредување на просторот, поставени се клупи, маси, летниковец, изработен е детски парк, поставени се корпи за отпадоци. Проектот за реконструкција на домот вклучува и комплетна реконструкција на кровот и двата ката, и комплетно опремување на домот со цел подобрување на условите - истакна Шилегов.
Шилегов во оваа прилика ги повика државните институции и компаниите со општествена одговорност да се приклучат во реконструкцијата на Планинарскиот дом со цел планинарскиот дом Водно да прерасене во спортско-рекреативен и културно забавен центар на граѓаните на Скопје, како и за сите домашни и странски туристи.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
