ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ВТОРА МАКЕДОНСКА БРИГАДА 01.9.2017
Денеска /21.07.2017 година, петок/ започнаа градежните работи за реконструкција на коловозот на улицата „Втора македонска бригада“. На почетокот на градежните работи присуствуваa градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски и Претседателот на Советот на Општина Чаир, Заир Бектеши.
- Денеска ја почнуваме реализацијата на овој важен проект, со кој ќе се изврши реконструкција на коловозот на оваа улица, на потегот од крстосницата со улица „Христијан Тодоровски Карпош“ до кружниот тек на улицата „Лазо Трповски“. Со овој градежен зафат, во должина од 1 181 метар, ќе биде изгребен стариот и оштетен асфалт и ќе биде нанесен нов асфалт. Покрај коловозот, со овој проект е опфатена реконструкција на велосипедските и на пешачките патеки, комплетна замена на старите рабници, а ќе бидат нивелирани и шахтите и сливниците. Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот и ќе се зголеми безбедноста при движењето за жителите на општините Чаир и Бутел. Покрај градежните работи, ЈП „Паркови и зеленило“ ќе го обнови зеленилото по должината на оваа сообраќајница – кажа градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот на Бутел Латиновски ја истакна одличната соработка што општината ја има со Градот Скопје и која вродува со реализација на уште еден инфраструктурен проект од исклучителна важност за граѓаните.
- Општина Бутел изминатиов период извршува градежни работи на голем број локации со цел подобрување на инфраструктурата. Во Визбегово се реконструира улицата број 5 која е долга над 2,5 километри, како и улицата број 60, улицата број 42, улицата Бел Камен и други улици коишто се со вкупна должина од над 7,5 километри. Сево ова се реализира со цел подобрување на патната инфраструктура на територијата на Општина Бутел – кажа градоначалникот Латиновски.
Претседателот на Општина Чаир Бектеши изјави дека со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во општина Чаир и Скопје и го оцени истиот како исклучително важен.
Реконструкцијата на коловозот ќе ја извршат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар, додека реконструкцијата на пешачките и на велосипедските патеки ќе ги изведуваат екипите на ЈП „Улици и патишта“.
За овој градежен зафат, Градот Скопје ќе издвои 10,6 милиони денари, а градежните работи треба да завршат за 180 дена.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
