РЕКОНСТРУИРАНИ АВТОБУСКИТЕ СТОЈАЛИШТА НА БУЛЕВАРОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ, КАЈ БУЊАКОВЕЦ 22.6.2017
Екипите на Градот Скопје денеска /22.05.2017 година/ го асфалтираат автобуското стојалиште „Соборен храм“, на булеварот Партизански одреди, кое се реконструираше во изминативе неколку дена.
Во увид на градежните работи на ова автобуско стојалиште денеска беше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Во текот на градежните работи беше изгребан стариот вдлабнат и оштетен асфалт на должина од 120 метри, беше извршена санација на долниот тампонски слој и беше вградена полимерна мрежа. Финалниот асфалтен слој што се нанесува е од типот Сплит Мастикс 16.
Во текот на изминативе денови екипите на Град Скопје го реконструираа и автобуското стојалиште пред Порта Буњаковец, на булеварот Партизански одреди. Постојниот вдлабнат и оштетен асфалт на ова автобуско стојалиште беше изгребан на должина од 70 метри, се изврши санација на долниот тампонски слој, беше вградена полимерна мрежа и беше нанесен нов асфалтен слој од типот Сплит Мастикс 16.
На реконструкција на овие две автобуски стојалишта на булеварот Партизански одреди работеа екипите на градежната компанија ДПТУ „Ескаватори“ МК ДООЕЛ, а Градот Скопје за овој зафат одвои вкупно околу 6,8 милиони денари.
Во наредниот период Градот Скопје ќе работи на реконструкција на уште три автобуски стојалишта - пред Градежниот факултет и отспротива, на булеварот Партизански одреди, како и пред автобуската станица кај спортската сала во Автокоманда, на булеварот Александар Македонски.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
