ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА БУЛЕВАРОТ ВАСКО КАРАНГЕЛЕВСКИ 27.8.2017

 
     
 

 

 

 

Градот Скопје денеска /24.07.2017 година, понеделник/ ги започна градежните работи за реконструкција на дел од булeварот „Васко Карангелевски“ во општина Аеродром. На почетокот на градежните работи присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски.

- Станува збор за реконструкција на булеварот „Васко Карангелевски“ на потег од крстосницата со бул. „Јане Сандански“ до крстосницата со бул. „АСНОМ“ кај хотел Русија, во должина од 600 метри. Со проектот е предвидено гребење на горниот слој од постојнииот коловоз и нанесување на нов асфалт од типот сплит мастик. Со реконструкцијата на овој булевар, кој во моментов е во катастрофална состојба, значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот и се надевам дека градежните работи ќе завршат во текот на месец септември – кажа градоначалникот Трајановски.

Покрај санацијата на коловозот, со овој проект е предвидена и санација на рабниците и реконструкција на дел од тротоарите.

На терен ќе работат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар, додека за реализацијата на овој проект Градот Скопје ќе вложи 7,8 милиони денари.