ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ ВО СКОПЈЕ 08.2.2018
Продолжуваат активностите на Градот Скопје за реконструкција на постојната и изградба на нова велосипедска инфраструктура во Скопје.
Деновиве екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Градот Скопје, вршат градежни работи на велосипедско-пешачката патека по должината на булеварот „8 Септември“, на потег од крстосницата со булевар „Партизански одреди“ до крстосницата со булевар „Илинден“.
Оваа велосипедско-пешачка патека е дел од поврзувањето кое се реализира во рамки на проектот „Скопје Велоград“ и истата е со вкупна должина од околу 2 километри, на потег од раскрсницата со булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до раскрсницата со улица „Скупи“ (Хубо Маркет). По завршувањето на овој дел од велосипедската патека градежните работи ќе продолжат и на преостанатиот дел на ова поврзување.
Овој конектор е од исклучителна важност поради тоа што истиот треба да ги поврзе рутите 1 и 3, поточно велосипедската патека по должината на булеварот „Илинден“ (рута 1) со велосипедската патека по должината на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (рута 3).
Градот Скопје ги продолжува своите активности и заложби да прерасне во велосипедска метропола. Во оваа 2018 година во буџетот на Град Скопје за изградба и реконструкција на велосипедски патеки се предвидени 30 милиони денари.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
