СЕ РЕШАВА ДОЛГОГОДИШНИОТ ПРОБЛЕМ НА ЖИТЕЛИТЕ НА ЌЕРАМИДНИЦА 21.7.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, денеска /03.07.2017 година, понеделник/ извршија увид во градежните работи на новата атмосферска канализација што се гради по дел од улицата број 513 во населбата Ќерамидница, што води кон Скопски саем, во општината Гази Баба.
- Денеска присуствуваме на почетокот на изградбата на атмосферска канализација од Дојрана до реката Вардар и од поранешен Пролетер до реката Вардар. Оваа атмосферска каализација се прави затоа што имаме две црни точки или две критични точки што се јавуваат при обилни дождови, односно едната е кај Дојрана, а другата е на булеварот Александар Македонски меѓу Континенрал и семафорите кај Автокоманда. Со изградбата на овој атмосферски колектор практочно ќе се заокружи колекторскиот систем од Дојрана па се до Вардар и од Пролетер до реката Вардар. Должината на овој зафат е 550 метри, а рокот за изградба е 60 дена. Инвеститорот на проектот е ЈП „ Водовод и канализација “ и за неговата реализација се издвоени околу 25 милиони денари, а на терен работат екипите на БАУЕР БГ. Сакам да им се заблагодарам на градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, како и на директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Алексанадар Атанасов, за одличната соработка и за нивниот ангажман да се надмине овој акутен проблеми со кој се соочуваат жителите на овој дел на Ќерамидница -рече денеска градоначалникот Трајановски.
Градоначлникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, истакна дека со помош на ЈП „Водовод и канализација“ и Град Скопје, односно со реализацијата на овој значаен проект ќе се решат проблемите што настануваат заради поплавувањето кај Дојрана и кај Континентал. Тој, исто така, кажа дека заедно со Град Скопје планираат и во иднина да ги решаваат црните точки во општината.
Ги информираме граѓаните дека поради градежните работи коишто се одвиваат на улицата број 513 , којашто минува низ населбата Керамидница и води кон Скопскиот саем, сообраќајот е затворен и им порачуваме на учесниците во сообраќајот да се придржуваат на поставената сообраќајна сигнализација.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
