ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПРОЕКТ „РОК“ 15.5.2018
Од денеска (14.05.2018 година) до среда во Скопје ќе се одржат многубројни активности во рамки на европскиот проект „РОК“ – Регенерација и оптимизација на културното наследство во креативните градови (ROCK).
Главна активност е одржувањето на второто Генерално собрание на проектот, на кое во наредните три дена ќе присуствуваат сите учесници во овој меѓународен проект.
Проектот „РОК“ се фокусира на историските центри во градовите кои ќе ги користи како „теренски лаборатории” на културното наследство и да покаже како тоа може да биде уникатен и моќен двигател на возобновување, одржлив развој и економски раст за целиот град. Во рамките на овој проект успешни иницијативи за регенерација на културното наследство ќе се земаат од 7 избрани градови: Атина, Клуж - Напока, Ајндховен, Ливерпул, Лион, Торино и Вилнус. Добрите практики од овие градови ќе се реплицираат и ќе бидат тестирани во 3 „репликатор“ градови: Болоња, Лисабон и Скопје.
Градот Скопје во овој проект учествува како град-репликатор, и притоа треба да преземе дел од добрите практики од избраните градови и истите да ги имплементира. Градот Скопје во рамките на овој проект своите активности ќе ги фокусира во старото градско јадро на Скопје, каде што преку имплементирање на голем број креативни методи и алатки од информатичката и комуникациската технологија ќе се работи на негова трансформација во центар на културата, знаењето и технолошкиот развој.
Како локации на кои ќе се спроведуваат активностите во рамки на проектот „РОК“ се избрани тврдината Кале, Старата скопска чаршија и старото Еврејско маало.
Проектот „РОК“ е финансиран од Европската програма за истражување и иновации Хоризонт 2020.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
