МУЛТИМЕДИЈАЛЕН КУЛТУРЕН НАСТАН „РОДЕНДЕН НА УМЕТНОСТА“ 19.3.2017
Младинскиот културен центар вчера /20.01.2017 година, петок/ го прослави својот 45-ти роденден.
Годинава во рамките на мултимедијалниот културен настан „Роденден на уметноста“ го отвори својот дуќан или по „модерно“ - „urban store“ – АПоТЕКА во МКЦ.
Мултимедијалниот културен настан и новиот објект АПоТЕКА свечено го отворија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на Младинскиот културен центар, Златко Стевковски.
На програмата на овој мултимедијалниот културен настан „Роденден на уметноста“ имаше изложба, музика, поезија, филм, отворање на Ап(о)тека, торта и дружење.
Во АПоТЕКА на околу 50 квадратни метри, веднаш до инфо пултот на влезот во МКЦ ќе можете да се снабдите со сè што ни под разно нема да го пронајдете во „светилиштата“, популарните „молови“: плоча, диск, книга, ракотворба, велосипед, облека... Или: сите намирници од уметноста и културата (на живеење) неопходни за „преживување“, без рецепти.
Својa нова адреса ќе најде и легендарната скопска продавница за плочи Maximum Rock'n'Roll.
Во Галеријата МКЦ се отвори изложбата „НОМАД“, ретроспективна изложба на цртежи, колажи и слики на Душан Герзиќ – Гера (Белград, 1961-1998).
Во чест на David Bowie, кој не напушти пред една година, во музичкиот дел групата „Фолтин“ одржа концерт во Денсинг сала „25 мај“.
Во кино Фросина се одржа поетскиот перформанс „Песнило“ на кој се претствија десетина поети, односно своето беснило да го искажаа во поетска форма.
Во бифето во МКЦ група од Србија, која веќе 15-тина години е зад грамофоните, секаде каде што се почитува „органскиот црн звук“, настапи под името „Тhe Funk Soul Brothers“.
Во Кино Милениум се одржа 24 часовен бесплатен филмски маратон со селекција на филмови од „Cinedays“ 2016.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
