
СЕ ОДРЖA „РОЛЕР ТРКАТА 2017“ 18.5.2017
Денеска под мотото „Возиме кон иднината“ се одржа „Ролер трката 2017“, во организација на Град Скопје и ЈУ „Детскиот културен центар-Карпош“.
На ролеријадата учествуваа околу 800 ученици од 28 основни училишта од Скопје и од околината.
Учесниците во ролер трката возеа од пред фонтаната Лотос цвет, па по булеварот „Илинден“ до клучката на булевар „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ и назад до стартот.
„Ролер трката 2017“ почна со женската трка на која првото место го освои Наталија Миновска од ОУ „Ј.Х.Песталоци“, втора беше Ивана Танчин од ОУ „Гоце Делчев“, а трето место го освои Анџелика Јандриоски од ОУ „Димитар Беровски“.
На машката трка победи Никола Новаковиќ од ОУ „Блаже Коневски“, второто место го освои Никола Митровиќ од ОУ „Ј.Х.Песталоци“, а трет беше Никола Баџаков од ОУ „Ј.Х.Песталоци“.
Учениците коишто го освоија првото место за награда добија ролерки со заштитна опрема, пласираните на второто место добија ролерки, а пласираните на третото место заштитна опрема.
Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух и желбата за спортување на нашите најмлади.
На Ролер трката, којашто годинава се одржи по шести пат, присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
- ВЕСТИ
- 26.07.2025 - Викендов авионска дезинсекција против комарци
- 27.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 04.06.2025 - Соопштение за јавност
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност