УТРЕ ПОД МОТОТО „ВОЗИМЕ КОН ИДНИНАТА“ ЌЕ СЕ ОДРЖИ „РОЛЕР ТРКАТА 2018“ 26.4.2018
Под мотото „Возиме кон иднината“, утре 25 април (среда), во 12 часот по седми пат ќе се одржи Ролер трката.
Стартната позиција ќе биде на бул.„Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на бул. „Илинден“ со ул.„Никола Тесла“ (кај ЈП „Паркови и зеленило“).
Со мислата во здраво тело, здрав дух, Град Скопје и ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“ од Скопје сакаат да ги анимираат нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот се збогати со уште една масовна манифестација, која стана традиционална, а од година во година и се помасовна. Учесници се деца од 30 и повеќе основни училишта од градот и од околината.
На РОЛЕРИЈАДАТА ќе бидат доделени по 3 награди за најуспешните учесници во женската и во машката трка.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
