АКЦИЈА ЗА САДЕЊЕ ДРВЈА НА ГРАД СКОПЈЕ 13.1.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити и директорот на ЈП„Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ, денеска /21.12.2015 година, понеделник/, учествуваа во садењето 50 листопадни садници во Парк –игралиштето во Топанско Поле, како дел на есенската акција за садење 5. 000 дрвја на територијата на градот.
- Денеска во рамките на есенската акција на Градот Скопје во која ќе бидат засадени 5.000 садници во дрворедите на булеварите, во парковите и во блоковското зеленило на општините, во Парк –игралиштето во Топанско Поле ќе се засадат 50 листопадни дрвца од видовите Platanus acerifolia (платан) 25 садници, лириодендрон 10 садници и липи 15 садници. Дел од садниците се од наше произвоство од расадникот во Бутел, а дел се увозни.
Инаку, во општина Чаир во текот на акција ќе бидат засадени вкупно 305 листопадни садници во Парк Чаир, на булеварите Босна и Херцеговина и Македонско-косовска бригада и на улиците Лазо Трповски, Џон Кенеди, Кемал Сејфула, Дижонска, Христијан Тодоровски –Карпош, како и на други улици и локации каде што стручните служби од Градот Скопје и од ЈП „Паркови и зеленило“ ќе утврдат дека има потреба и може да се засадат нови садници. Екипи на Градот во месец октомври во овој Парк –игралиште поставија хидрантска мрежа со систем за полевање со 72 прскалки, а за реализација на овој проект беа издвоени 900.000 денари од Буџетот на Град Скопје. На терен работеа екипи на ЈП „Паркови и зеленило“. Како што веќе најавивме акции за засадење планираме да организираме и во текот на 2016 година, пролетна и есенска, се со цел на граѓаните на Скопје да им ги подобриме условите за живот- истакна градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, се заблагодари на Градот Скопје за садењето во неговата општина и нагласи дека со садењето во овој парк на граѓаните од оклоните згради ќе им се создадат попријатни услови за одмор и рекреација.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
