СЕ ОДРЖА 79 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 12.5.2017
Денеска /11.05.2017 година, четврток/ Советот на Град Скопје ја одржи својата седумдесет и деветта седница, каде беа усвоени поголем број на одлуки.
На седница на Советот на Град Скопје беа усвоени извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2017 година за периодот 01.01.- 31.03.2017 година и информацијата во врска со Дрисла ДОО.
На седницата Советот на Град Скопје беа донесени следните одлуки: Одлука за примање донација од Стопанска Банка АД Скопје; Одлука за одобрување набавка на основни средства за потребите на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје; Одлука за одобрување набавка на основни средства (патнички моторни возила и метални архивски ормари); Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на верски објект; Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за 2017 година; Одлука за давање согласност на Одлуката за отпис на сметководствена евиденција на основни средства на Луна ДООЕЛ Скопје; Одлука за давање согласност на Ценовникот за утврдување вредност на хортикултурно уредени зелени површини на ЈП Паркови и зеленило Скопје; Одлука за давање согласност на Ценовникот за услуги од механизација на ЈП Паркови и зеленило; Одлука за давање согласност на Ценовникот за изменување и дополнување на Ценовникот на саден материјал кој ЈП Паркови и зеленило го набавува од Флораком ДООЕЛ; Одлука за давање во сопственост на преносни компјутери на членовите на Советот на Град Скопје во мандатниот период 2013-2017 година; Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на спортски терени и TV Compaund, како и годишниот извештај на Секторот за внатрешни работи Скопје за 2016 година.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
