СЕ ОДРЖА 75-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 17.2.2017

Советот на Град Скопје, вчера /26.01.2017 година/ ја одржа својата 75-та седница, на која беа донесени голем број на одлуки, програми и согласности.

На вчерашната седница Советот на Град Скопје ги верифицираше мандатите на два нови советници, Горан Арсов и Камелија Левенска Николовска, кои доаѓаат на местото на Дамјан Манчевски, кој стана пратеник по последните предвремени парламентарни избори, и Есма Реџепова Теодосиевска, која почина изминатиот месец.

Советот на Град Скопје расправаше и за барањето за разгледување на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, на која се дискутираше за модусот на опслужување на автобуските линии број 9 и 19, при што се донесе заклучок за повторно разгледување и промена на оваа одлука која би била разгледувана на седница наредниот месец.

Советот на Град Скопје на оваа седница ги донесе и следните одлуки: Изменување и дополнување на Планот на програми за развој за периодот 2017-2019 година; Одлука за доделување парични средства на Црвен крст на Град Скопје; Одлука за одобрување на набавка на основни средства наменети за ЈЗУ Геронтолошки завод “13 Ноември“-Скопје; Одлука за одобрување набавка на основни средства за потребите на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје; Одлука за пренесување на правото на сопственост на основни средства на ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје; Одлука за пренесување на право на трајно користење на движни ствари; Одлука за субвенционирање на ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје; Одлука за субвенционирање на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје; Одлука за изменување на Одлуката за давање на субвенции на ЈСП “Скопје“ – Скопје за 2017 година; Одлука за прием и отстапување на нафта на ЈСП “Скопје“-Скопје; Одлука за давање согласност на ЈП “Улици и патишта“-Скопје; Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за измени во тек на изградба – доградба, надградба и адаптација на објект Собрание на Република Македонија; Одлука за донесување на Урбанистички план за четврт С 01, Скопје; Одлука за донесување на Урбанистички план за четврт Ј 03, Скопје; Одлука за донесување на Урбанистички план за четврт СЗ 23, Скопје; Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за воспоставување на соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош заради изработка на заштитно-конзерваторски основи за културно наследство; Одлука за давање согласност на Програмата за измена и дополнување на Програмата за одржување на магистрални и собирни улици на подрачјето на Град Скопје во зимски услови за 2016/2017 година (зимска служба); Одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Ценовник за одржување и изградба на магистрални и собирни улици, одржување на хоризонтална, вертикална и светлосна сигнализација, услуги од возила, градежна механизација и работна рака, одржување на магистрални и собирни улици во зимски услови на подрачјето на град Скопје и одржување на коритото на реката Вардар и каналите на територијата на град Скопје; Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за дополнителни активности на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје во делот на јавната чистота на подрачјето на Град Скопје за период од 01.04. до 31.12.2017 година; Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за дополнителни активности во делот на одржувањето на коритото на реката Вардар, нејзините притоки и отворените канали на подрачјето на Град Скопје за период од 01.04. до 31.12.2017 година; Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за дополнителни активности на ЈП “Паркови и зеленило“ – Скопје во делот на одржување на јавни зелени површини на подрачјето на Град Скопје за период од 01.04. до 31.12.2017 година; Одлука за давање согласност на Програмата за изградба, одржување и користење на јавни зелени површини на подрачјето на Град Скопје за 2017 година; Програма за управување и одржување на градските гробишта во Скопје за 2017 година; Одлука за давање согласност на Ценовникот за изменување и дополнување на Ценовникот на услуги во хортикултурата на ЈП “Паркови и зеленило“;Одлука за давање согласност на Ценовникот за изменување и дополнување на Ценовникот на саден материјал кој ЈП “Паркови и зеленило“ го набавува од “Флораком“ ДООЕЛ; Одлука за давање согласност на Програмата за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП “Градски паркинг“ – Скопје од страна на лица со посебни потреби за 2017 година; Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП “Градски паркинг“ – Скопје за 2017 година; Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП “Водовод и канализација“ – Скопје за 2017 година; Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈСП “Скопје“ – Скопје за 2017 година; Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈСП Скопје; како и Одлука за избор на приватен партнер/содружник за вложување во Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад “Дрисла“-Скопје со цел вршење на концесиска дејност депонирање на отпад на депонијата Дрисла;

На вчерашната седница Советот расправаше и за информацијата за изработен Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на Град Скопје, како и извештајот за реализација на активности од Програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2016 година, доека беа донесени и Планот за подобрување на квалитетот на воздухот во агломерација Скопски регион, како и Краткорочниот акционен план за заштита на амбиентниот воздух во Град Скопје и општините во Град Скопје.