СЕ ОДРЖА ФИНАЛЕТО НА НАЦИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ЗА МОС СЕРТИФИКАТИ 11.6.2018

 

 

Заменик - градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи, денеска присуствуваше и на победникот Јорданчо Ефтимов му го  додели сертификатот на завршниот настан во рамки на финалето на третиот Национален натпревар за Microsoft Office Specialist, што се  одржа во IBank концептуалната филијала на Стопанска Банка АД-Скопје.

 

 

 

- Со задоволство  како заменик- градоначалник  на Скопје, денеска сум присутен на завршниот настан  на овој значаен проект. Градот и средните училишта ја препознаа важноста на дигиталната писменост и развојот на компјутерските знаења и вештини кај вас средношколците со цел да сте што поконкурентни на пазарот на трудот не само дома, туку и во странство. Ме радува фактот што со поддршка на овој проект им овозможивме на учениците бесплатно да ги полагаат испитите и да се стекнат со меѓународно признат МОС сертификати – нагласи Малиќи.

Тој додаде дека за оваа година, Градот набави четири МОС лиценци со по 100 испити и една АСА лиценца со 100 испити (вкупно 500 испити) и дека првпат годинава  им  се овозможи на средношколците да полагаат и АСА испит и со тоа да се здобијат со Adobe Certified Associat сертификат.

 

 

 

 

-Набавката на лиценците се организираше преку пет средни училишта, а право на учество имаат учениците од сите средни училишта на Град Скопје. Со задоволство можам да констатирам дека од година во година е се поголем број на средношколци коишто учествуваат на натпреварот и преку добивање на овој признаен во светот сертификат го валоризираат своето знаење - истакна Малиќи.

Во текот на изминатите две години, Градот директно поддржа 750 ученици овозможувајќи им бесплатно  полагање на МОС испитите, а оваа пракса ќе ја продолжи и во иднина  со цел на што повеќе млади луѓе да им даде можност да се стекнат со овој сертификат.