ОТВОРЕН МЕЃУНАРОДНИОТ ШАХОВСКИОТ ТУРНИР „ОПЕН КАРПОШ 2016” 19.4.2016
![]() |
![]() |
|
![]() |
![]() |
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски денеска /01.04.2016 година, петок/ во хотел „Александар Палас“ го отворија шестото издание на меѓународниот турнирот во шах „Опен Карпош 2016“.
На овогодинешното издание на најголемиот шаховски турнир во Република Македонија, учество ќе земат околу 200 натпреварувачи од 25 земји, од кои 27 се велемајстори, 26 интернационални мајстори, 3 женски интернационални мајстори, 22 фиде мајстори, 2 женски фиде мајстори, 1 мајсторски кандидат и 1 женски мајсторски кандидат.
Турнирот ќе трае седум дена, заклучно 7 април, каде натпреварите ќе се одвиваат во девет кола кои ќе се одржуваат во хотелот Александар Палас секој ден од 09:30 часот и од 17:30 часот.
Шаховскиот турнирот „Опен Карпош 2016“ е во организација на шаховскиот клуб „Гамбит Асеко” од Скопје, а наградниот фонд изнесува 10.000 евра и 2.800 евра за победникот на турнирот.
Град Скопје го поддржува овој турнир во шах со 200 000 денари.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ




