
МЕЃУНАРОДЕН НАУЧЕН СИМПОЗИУМ „ДЕНОВИ НА ЈУСТИНИЈАН I“ 06.12.2017
Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска /17.11. 2017 година, (петок)/ присуствуваше на отворањето на 5-от Меѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“, финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и Град Скопје, во организација на Универзитетот „Евро – Балкан“, Скопје, Република Македонија; Универзитетот во Болоња, Италија во партнерство со Институтот за национална историја – Скопје, Република Македонија.
Конференцијата, ја отвори Ко-организаторот на Симпозиум проф. д-р Џузепе Маино, од Универзитетот во Болоња, Италија, а присутните учесници, научни работници, истражувачи и гости ги поздравија: Претседателот на меѓународниот организациски и научен комитет проф.д-р Митко Б. Панов, кој едновремено го промовираше и Зборникот на трудови од четвртиот Меѓународен симпозиум „Денови на Јустинијан I “; Амбасадорот на Италија во Република Македонија Н.Е. Карло Ромео; Претставник од Министерството за култура во Република Македонија г-ѓа Марија Зафировска, а од името на Град Скопје во улога на домаќин, присутните ги поздрави и Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.
-За прв пат се наоѓам во улога на гостин/домаќин, на кој мноштвото од учесниците се и мои колеги. Град Скопје, во континуитет го поддржува Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“ и се надевам дека така и ќе продолжи - истакна Јанчева.
Директорот на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот „Евро-Балкан“, проф. д-р Рубен Земон, по повод 5-годишниот јубилеј на Симпозиумот, на Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева ; проф. д-р Џузепе Маино; проф.д-р Митко Б. Панов; Н.Е. Карло Ромео; г-ѓа Марија Зафировска, им врачи благодарници, за нивниот посебен придонес за оддржувањето на континуитетот на конференцијата.
Во рамките на веченото отворање на 5-от Меѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинијан“, настапи и Камерниот хор „Херувими“ кој изведе црковни творби од византиската традиција од македонски автори.
5-от Меѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинијан“, се трае два дена / 17 и 18 ноември/ и се одржува во салата на Советот на Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 26.07.2025 - Викендов авионска дезинсекција против комарци
- 27.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 04.06.2025 - Соопштение за јавност
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност