„СКОПЈЕ ЦВЕТА“ – ОТВОРЕН ШЕСТИОТ СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ 18.5.2019
Љубителите на цвеќето денеска и утре ќе имаат можност да купат цвеќиња и цветни аранжмани, да добијат корисни совети, да се забавуваат и да се дружат на отворено во рамките на шестиот Скопски цветен фестивал што се одржува во вториот дел на Градскиот парк. Фестивалот почна со цветно дефиле со деца од предучилишните установи и од основните училишта што тргна од паркингот пред бараките на Град Скопје и се движеше по патеките во паркот.
- Чест ми е и задоволство да Ве поздравам на овој шести по ред Фестивал на цвеќето кои се одржува под мотото „Скопје цвета“. Имаме ретка можност да присуствуваме на експонатите и изложувањата на повеќе од 30 цвеќари и фирми кои што се бават со хортикултура и цвеќе. Наша крајна цел е можеме преку зеленилото да внесеме естетика и во изгледот на Градот, меѓутоа и во изгледот на Вашите домови. Новина ни е годинава што за првпат ќе можете да добиете корисни совети за своите домашни миленичиња, како и да вдомат милениче - рече градоначалникот Шилегов, на отворањето на фестивалот.
Шилегов додаде дека зазеленувањето останува на врвот на приоритетите на Град Скопје и дека влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која најдиректно влијае врз здравјето на сите сегашни и идни генерации. На дечињата кои учествуваа во цветното дефиле им посочи дека уште сега треба да градат здрави животни навики, бидејќи сите заедно треба да се грижиме за животната средина и дека од сите нас зависи колку овој град ќе биде убав и чист.
Во текот на двата фестивалски дена пред граѓаните ќе се промовира одгледувањето цвеќе, а најмладите ќе имаат можност да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќињата и за заштитата на животната средина.
Посетителите ќе уживаат во настапите на повеќе музички и танцови изведувачи, ќе имаат можност да вежбаат јога и зумба на отворено и да учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации.
Фестивалот на цвеќето се одржува под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
