ПОЧНА „СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2017“ 05.6.2017
Вчеравечер во Младинскиот културен центар почна годинешново издание на Фестивалот на Креативни Индустрии – „Скопје Креатива“ кој ќе трае до 6 мај, сабота, 2017 година.
„Скопје креатива“ станува омилен урбан културен настан во градов на кој публиката повторно, и оваа година, ќе има можност за прв пат да ги види уникатните дизајнерски решенија на многубројни македонски компании и самостојни уметници, кои создаваат производи со исклучително квалитетна уметничка и естетска вредност, а од кои нашето општество има индустриски и економски бенефит.
Под мотото „Креирај, кокреирај!“ – Do Create! Co-create!. во текот на фестивалот ќе се одржат над 30 настани распоредени во три дена, осносно ќе се одржат изложби, работилници, предавања, работилници за деца, за средношколци, за дизајнери... Ќе има и гостувања на врвни светски дизјанерски имиња, кои ќе одржат работилници и предавања во рамки на програмата.
Организаторите на фестивалот при изборот на проекти во прв план ја ставиле оригиналноста и иновативноста на концептот со цел надминување на класичните поделби по области во уметноста, современ пристап во поврзување на нови технологии и дигитални медиуми во уметничкото творештво и други облици на креативно изразување, промоција и активности за подигнување на свеста за значењето на креативните индустрии, поттикнување на претприемничките и бизнис вештини на младите, уметниците и поединци во рамките на креативните индустрии...
Годинава имаме навистина импресивна листа на учесници: Изабела Новотни со Уметноста на кукленото мајсторство, Невена Тодоровска со Мулти-Фан-Акција, Драган Христов со Експериментална унисекс колекција, ХАЕМУС со Розалии – прослава за празникот на розите, Газменд Ајруловски со Виртоскоп, Вера Христовска со Разгледници од Македонија и многу други креативци.
Во ексклузивниот каталог што е подготвен за фестивалот, граѓаните ќе можат да прочитаат за секој од импресивните проекти што ќе бидат претставиме на неколку простори во Младинскиот културен центар.
„Скопје Креатива“ е проект под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈУ Конгресен Центар„ Александар Македонски“ - Скопје и претставува креативен настан кој позитивно влијае врз развој на креативниот сектор во земјава и регионот, како и бизнис заедницата.
За реализацијата на овој фестивал, Градот Скопје, од својот буџет за 2017 година, издвои средства во висина од 3 милиони денари.
Овој фестивал останува доследен на претходните изданија и ќе биде од отворен карактер и сите заинтересирани ќе можат да учествуваат во работиниците, а настаните се бесплатни.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
