ГРАД СКОПЈЕ СО 6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НАГРАДА, ЧАРТЕР-ЛЕТ И ОРГАНИЗИРАН ПРЕЧЕК ЗА РК ВАРДАР 03.6.2019
По предлог на градоначалникот Шилегов, Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување награда во висина од 6 милиони денари, како и средства за организирање пречек на ракометната екипа Вардар по вчерашната победа на Ф4 турнирот во Келн и освојувањето на титулата во ЕХФ Лигата на шампионите.
Со оваа одлука, покрај наградата, се обезбедуваат средства за авионскиот превоз со чартер-лет на тимот на РК Вардар во Скопје, кои треба да слетаат на Меѓународниот аеродром „Скопје“ во 18:50 часот.
- По повод историскиот успех на градскиот клуб „Вардар“, предлагам Советот на Град Скопје да донесе одлука на ракометниот клуб „Вардар“ Град Скопје да му даде награда од 6 милиони денари. Од минатата вечер сум во контакт со управата на ракометниот клуб и успеавме да обезбедиме чартер-лет за клубот, кој ќе полета во 14:30, a ќе слета во 18:50 часот. Времето за слетување го координиравме за да се запазат сите безбедносни мерки околу состанокот на НАТО, за скопјани слободно да можат да присуствуваат на свечениот пречек. Со оваа одлука покрај наградата, ќе се подмират и трошоците за чартер-летот, како и сума од 2 милиони денари за организација на настанот – кажа градоначалникот Шилегов.
Шилегов потенцираше дека ова е историски успех и ги повика сите граѓани на Скопје, без разлика на нивната политичка, верска или национална припадност, достоинствено да ги пречекаме европските шампиони. Дополнително, апелираше до сите навивачки групи и симпатизери на Вардар достоинствено да ги пречекаат ракометарите, со вистински навивачки песни без омраза, дискриминација и поделби, бидејќи спортот и Вардар се над политиката.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

