СОЧУСТВО ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МЕКСИКО 07.11.2017
Градот Скопје, како град на солидарноста, упати писмо со сочувство до граѓаните на Мексико по повод катастрофалниот земјотрес во централниот дел на нивната земја.
Во овие трагични моменти, од името на граѓаните на Град Скопје примете го нашето искрено сочувство за изгубените човечки животи во оваа катастрофа, иако нема зборови коишто можат да ја намалат Вашата тага и тагата на граѓаните на Соединетите Мексикански Држави, со надеж ваквите трагедии никогаш повеќе да не се повторат.
Пред 54 години на 26 јули 1963 година, градот Скопје, исто така, беше претворен во урнатина од катастрофален земјотрес. Во тоа време, кога многу граѓани го загубија својот живот, а преостанатите останаа без место за живеење, Мексико му помогна на уништеното Скопје.
Во духот на пријателството и солидарноста што нашите народи ја негуваат, Ви стоиме на располагање за секаков вид помош што Град Скопје може да ја обезбеди.
Граѓаните на Скопје
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
