СООПШТЕНИЕ 30.8.2017
Градот Скопје сака да изрази жалење за изгубениот живот во сообраќајната несреќа којашто се случи вчера пред министерството за култура во Дебар Маало.
Сакаме да потенцираме дека Градот Скопје стои на располагање за соработка до министерството за внатрешни работи и сите други институции кои се надлежни за утврдување на фактите на овој немил настан.
Сепак, сметаме дека во јавноста се проширија голем број на шпекулации и во врска со одговорноста за овој случај, како и непотребно дефукусирање со чудни прашања за ингеренции, па оттаму сметаме дека сме должи да ја одинформираме јавноста за надлежностите.
- Во овој случај, како и во сите случаи на сообраќајни несреќи, одговорноста ја сносат сите учесници во сообраќајот
- Учесниците во сообраќајот (возила, велосиперисти, пешаци) се должни да се придржуваат до правилата и законските прописи за одвивање на сообраќајот
- За расчистување на фактите на сообраќајните незгоди и прекршоци, како и констрола на сообраќајот надлежни се министерството за внатрешни работи.
Градот Скопје како институција е надлежна за издавање на одобренија за дотур на роба, во која се наведени периодите во кои може да се врши оваа дејност, но како институција не сме надлежни на однесувањето на секој поединец во сообраќајот и тие самите се одговорни за нивните постапки.
Инаку, согласно оваа одлука, во овој реон дозволата за дотур на роба се врши во временскиот период од 09:00-14:00 и 18:00-07:00 часот, со право на задржување од 15 минути.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
