ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЉУБЉАНА, ЗОРАН ЈАНКОВИЌ, ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА СКОПЈЕ 21.8.2018
Вчера и денеска (19 и 20 јули), во официјална посета на Скопје e Зоран Јанковиќ, градоначалник на главниот град на Словенија, Љубљана.
За време на посетата, Јанковиќ оствари средба со градоначалникот на Скопје Шилегов, каде што дискутираа за досегашната соработка, како и можностите на продлабочување на истата.
На средбата беше изразена заемната желба за продолжување на одличната соработка помеѓу двата града и продлабочување на истата, пред се во сферите на урбаниот развој на градовите, управувањето со отпад, користењето на ЕУ фондовите, соработката на повеќе европски проекти, како и продлабочување на соработка на Советите на двата града.
На средбата градоначалникот Шилегов го запознал Јанковиќ за поголемите капитални проекти кои Градот Скопје планира да ги реализира во наредниов период, како што се изградбата на подземниот тунел под Кале и модернизацијата на возниот парк на јавниот превоз во Скопје со еколошки возила.
Градоначалникот Јанковиќ денеска претпладне имаше средба и со премиерот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на којашто присуствуваше и градоначалникот Шилегов. На средбата тие разговарале за регионалните и локалните предности кои ги има Љубљана и Словенија како дел од Европската Унија, како и перспективите кои би ги имале Скопје и Македонија доколку станеме дел од Унијата.
По состанокот градоначалниците Шилегов и Јанковиќ заедно се прошетаа низ Старата чаршија, една од најпознатите знаменитости на градот Скопје.
Скопје и Љубљана имаат богата долгогодишна соработка во многу области, која кулминира со збратимување кое се случи во 2007 година.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
