СПОДЕЛУВАЊЕ ВОЗИЛО – ДЕЛ ОД ОДРЖЛИВИОТ ТРАНСПОРТ ВО ГРАДОТ 09.10.2017

Денеска /20.09.2017 година/ во Јавна соба се одржа презентација на проектот „Сподели возило“ (Social car) и презентација на заложбите на Град Скопје за унапредување на велосипедскиот сообраќај, како дел од активностите во петтиот ден од Европската недела на мобилност 2017. Присутните на оваа работилница имаа можност да слушнат позитивни примери од приватниот сектор за здружен превоз и за користење велосипед и јавен превоз и да ја погледнат презентацијата на НВО На точак – Мобилноста во градот, мерки и насоки за подобрување.

Децата од градинките „Срничка“ и „Буба Мара“ денеска возеа велосипеди, тротинети и играа разни детски игри во спортската сала на ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, во населбата Аеродром. Камионот училница, пак, беше поставен во дворот на СУГС „Марија Кири Склодовска“, а средношколците се едуцираа за придобивките од користењето одржлив транспорт. Во автобусите на ЈСП учениците што користат јавен превоз имаа можност да се фотографираат со своите херои Спајдермен и Бетмен.

Герила акцијата со едукативни пораки за одржлив транспорт денеска ќе се реализира на раскрсницата кај Собранието на Република Македонија.


Денеска од 19 часот во просториите на ФИНКИ  ќе се одржи TEDx настанСподелување возила – Иднина на транспортот“. Сите заинтересирани можат да го следат овој настан преку фејсбук страницата https://www.facebook.com/tedxsihsalon/?ref=br_rs 

Градот Скопје и годинава ја одбележува Европската недела на мобилноста 2017 и во периодот од 16 до 22 септември за граѓаните нуди низа активности посветени на алтернативното и одржливо движење.