ИЗБРАН СПОРТИСТОТ НА ГОДИНАТА ЗА 2015 14.1.2016

Градоначалникот на Град Скопје,  Коце Трајановски, советниците во Советот на Град Скопје, членови на Комисијата за спорт и млади, денеска  им доделија признанија на најдобрите спортисти, тренер и екипа  на Град Скопје за 2015 година.

- Овие средби со Вас спортистите ми претставуваат вистинско задоволство, особено на вакви настани на кои ги одбележуваме Вашите врвни резултати постигнати на домашни и странски натпревари. Како градоначалник можам да Ви ветам дека и во иднина финансиски ќе ги поддржуваме Вашите спортски подвизи.  Градот Скопје  во изминатите години ги подобри условите во средните училишта и ги реновираше спортските сали во кои вежбаат средношколците и сметам дека оваа пракса претставува добар поттик учениците да се занимаваат со спорт. Со формирање на средношколските лиги, училишниот спорт во Скопје е на многу повисоко ниво отколку во минатото, а организирањето на пријателски натпревари и гостувањата на нашите средношколци во Љубљана, Загреб, Белград, Софија, Ниш и  Истанбул се можност учениците од средните училишта да се запознаат и да  дружат со своите врсници од овие градови. Планираме 2016 година  Градот  Скопје да биде домаќин на средношколците од државите во коишто претходно гостувавме и се надевам дека и овде нашите средношколци ќе остварат добри резултати како и на гостувањата. Ви ги честитам наградите и Вам и на Вашите најблиски Ви  пожелувам среќни празници-изјави  градоначалникот Трајановски на доделувањето на наградите.

Денеска на свеченоста по повод прогласувањето на најуспешните во изминатата година, беа избрани 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни 5 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби.

 

Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија се:

 

1.      Игор Стефановски – Иџе – Автомобилистички картинг клуб Проспорт,

Европски шампион во автомобилизам на ридски патеки каде од 12 утврдени трки на FIA, победи на 9 трки, од кои на 8 оствари рекорди на патеките, потврдувајќи ја европската титула од 2014 година.

Во Македонија е Шампион во својата класа последните 10 години

2.      Мартин Несторовски - Карате клуб Металург 

3 место во карате – борби +84кг на Европско Првенство за сениори во Истанбул, Турција и

3 место во карате – борби +84кг на Првите Европски Игри во Баку, Азербејџан

3.      Евгениј Поп Ацев - Пливачки клуб Студент

Шампион во генерален пласман во маратонско пливање на FINA Гран При Серија  и победник на “Охридски маратон 2015“

4.      Ненад Манојловски - Кик боксинг клуб Шампион 

1 место во “Кик Лајт“ – татами 69 кг на Светско Првенство во Белград,  Србија (21.10. - 01.11.2015) и на истото прогласен за најдобар борец на татами

5.      Стојанче Стоилов – Ракометен клуб Вардар  

Учесник во Лигата на Шампиони и со својот клуб влезе во осумте најдобри Европски клубови, а оваа сезона 2015/2016 во Лигата на Шампионите со можност да влезе во најдобрите четири клубови во Европа и да настапи на FINAL FOUR турнирот во Келн, Германија

6.      Баже Илијоски – Фудбалски клуб Работнички

Учесник во Лига Европа на UEFA и стигнува во четврто коло, чекор пред пласман во групната фаза, со својот клуб го освојува купот на Македонија за сезоната 2014/2015, член е на сениорската репрезентација на Македонија,  најдобар стрелец оваа сезона во есенскот дел во првенството на Македонија.

7.      Јасин Реџелари – Боречки клуб Лирија 2010

8 место  на Првите Европски Игри во Баку, Азербејџан

8.      Стефани Тодорова - Кик боксинг клуб Фајт Тим,

3 место во “Кик Лајт“ – татами 65 кг на Светско Првенство во Белград,  Србија

9.      Бобан Грнчаров – Фудбалски клуб Вардар

Учесник со ФК Вардар оваа сезона во Лигата на Шампиони на UEFA во второто квалификациско коло, освојувач на шампионатот на Македонија за сезоната 2014/2015 година и го освојува Супер купот на Македонија за 2015 година

10. Наташа Стефановска – Карате клуб Макпетрол

7 место поединечно и 5 место екипно - борби на Европско сениорско првенство во Истанбул, Турција

 

Најуспешни 5 спортисти во младинска категорија  се:

 

1.      Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол,

2 место на Европско првенство за кадети и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија

2.      Сара Ристовска – ЖРК Вардар

3 место на FINAL FOUR турнирот во Будимпешта во Лига на Шампиони 2014/2015, капитен на младинска репрезентација на Македонија и член на сениорска репрезентација на Македонија

3.      Моника Пендароска – Карате Клуб Макпетрол

3 место на Европско првенство за кадети и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија

4.      Елмедин Сејфулау - Боречки клуб Лирија 2010

5 место на Европско Првенство за кадети во Суботица,Србија и

7 место на Европско Првенство за јуниори во Истанбул, Турција

5.      Бобан Илиоски -  Кик боксинг клуб Шампион

2 место во “Лоу Кик“ на Европско јуниорско кадетско првенство во Сан Себастијан, Шпанија

 

Најуспешен тренер за 2015 е

 

 Мирче Јанушевски - Карате Клуб Металург

Тренер на каратистот Мартин Несторовски со кој освојува 3 место во карате – борби +84кг на Европско Првенство за сениори во Истанбул, Турција и 3 место на Првите Европски Игри во Баку, Азербејџан

 

Најуспешна спортска екипа од Скопје е

 

Женски Ракометен клуб Вардар

Победник на националниот КУП и Шампион на Македонија две сезони по ред, ракометарките се учеснички на FINAL FOUR турнирот во Будимпешта и два пати по ред се трети во Европа

 

Најуспешен спортист - странец кој настапува во екипа од Скопје

1.      Арпад Штербик - Ракометен клуб Вардар

Еден од најдобрите светски голмани, со најмногу одбрани на сите натпревари на РК Вардар во Лигата на Шампионите, и скоро секогаш е избран од страна на EHF за во првите пет најдобри голмански одбрани. Со неговите настапи РК Вардар е заслужено меѓу најдобрите осум европски ракометни клубови.

 

Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби

 

  1. Марио Мицковски – Здружение “Специјална Олимпијада Македонија“

1 место на 25 метри и

2 место на 50 метри во пливање слободен стил на Светски Летни Олимписки Игри во Лос Анѓелес, САД