СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ СО СОПСТВЕНИЦИ НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ 28.7.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /13.07.2017 година, четврток/ оствари средба со поголем број сопственици на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје.
На оваа редовна средба помеѓу градоначалникот Трајановски и сопствениците на угостителските објекти, се дискутираше за повеќе теми и се разменија идеи за подобрување на состојбата со забавниот живот и понуда во Скопје.
- Една од насоките каде што доминираа нивните предлози се дека треба да се зголеми културно-забавната понуда, пред се во летниот период. Сметам дека на овие средби тие ни дадоа голем број одлични и супер идеи, кои во наредниот период ќе ги разгледаме и повторно ќе се сретнеме со конкретни насоки за да ги реализираме истите. Целта е во месец август да понудиме одлична забава во Скопје. На 8 август во Скопје ќе се одржи Фудбалскиот Супер куп, а од 7 до 12 август ќе се одржи и Скопскиот Пиволенд и практично од тогаш ќе започне големата забава во Скопје. Сметам дека сите тие што ќе останат во Скопје овој период, како и тие што дополнително ќе го посетат нашиот град, ќе бидат пречекани со многу забава и интересни содржини – кажа градоначалникот Трајановски.
Претставниците на сопствениците на угостителските објекти потенцираа дека имаат одлична соработка со Градот Скопје, и имаат редовна комуникација за сите идеи, предлози и проблеми со коишто се соочуваат.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
