ШИЛЕГОВ И МОТОРЏИИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ 12.7.2018

Градоначалникот Шилегов денеска оствари средба со претставници на поголем број на мото клубови од Скопје, во врска со најавената одлука за регулирање на паркирањето за моторите.

На средбата Шилегов ги образложи причините за ваквата потреба, со која ќе им се овозможи на корисниците на овие превозни средства, да можат своите мотори безбедно да ги остават на паркинзите.

 

„Нашиот предлог е првата година оваа услуга да биде бесплатна, со цел да се изгради соодветна инфраструктура за паркирање, а потоа паркирањето на мотор за еден час да биде од 5 до 7 денари. Паркирањето на моторите кои се под 50 кубни сантиметри зафатнина, ќе биде бесплатно“, нагласи Шилегов.

Членовите на мото клубовите ги образложија своите причини зошто сметаат ваква одлука не треба да не биде донесена.

 

За изнаоѓање на решение, Шилегов и мото клубовите се согласија да формираат заедничка работна група на којашто ќе се дискутира и ќе се утврдат одлуки коишто ќе бидат во насока на регулирање на оваа област, зголемување на безбедноста и регулирање на сообраќајот, како и заштита на интересите на граѓаните во Скопје.

„Ниту една одлука Градот Скопје нема да ја донесе нагло, и истата ќе биде базирана на повеќе анализи и компарации“, потенцираше градоначалникот Шилегов.

Заедничката група започнува со работа веќе од утре, на 2 јули 2018 година во 15 часот.