ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ СЕ СРЕТНА СО УЧЕНИЦИТЕ ОД ЗБРАТИМЕНИОТ ГРАД ТЕМПИ 22.6.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /09.06.2017 година, петок/ оствари средба со средношколците од Град Темпи (Аризона), од Соединетите Американски Држави, коишто традиционално, секоја година доаѓаат на меѓународна училишна размена кај нивните врсници од Скопје.
-Добредојдовте во Скопје, навистина ни претставува задоволство што сте тука и ќе бидеме ваши домаќини. Темпи е еден од градовите со коишто се има збаратимено Скопје и имаме одлична соработка на сите полиња. Во текот на изминатите децении многу видни личности од Скопје имаат студирано и престојувано во вашиот град и се вратиле со позитивни впечатоци, се надевам дека и вие ќе понесете такви впечатоци од вашата посета на Скопје - истакна градоначалникот Трајановски.
И оваа година тројца средношколци од Темпи ќе престојуваат неколку недели во Скопје и Македонија, а во текот на годината тројца средношколци од Скопје ќе престојуваат во Темпи.
Градот Скопје и Темпи имаат одлична соработка која датира од 1971 година и во рамките на оваа соработка досега над 160 ученици од Скопје престојувале во Темпи и обратно. Покрај ученици, во овие размени учествувале и студенти, уметници, спортисти, претставници на администрацијата, градоначалници...
Скопје (Република Македонија) и Темпи (Аризона, Соединетите Американски Држави) се збратимија во 1971 година, кога за прв пат еден американски град се збратими со град во Источна Европа. Пред неколку години на иницијатива на господин Ричард Њухајзл, кој воедно е и почесен граѓанин на Скопје, се одржа Балканска конференција на збратимени градови.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
