ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈАТА ЗА ПОБЕДНИЦИТЕ НА СРЕДНОУЧИЛИШНИТЕ ЛИГИ НА ГРАД СКОПЈЕ 27.6.2018

 

Денеска /13.06.2018 година, среда/ во салата на Советот на Град Скопје беа доделени признанијата и благодарниците за најдобрите екипи во средноучилишните лиги на Град Скопје.

Пред присутните се обрати и градоначалникот Шилегов.

 

- Во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје учествуваа 245 екипи, а се одиграа над 1.000 натпревари во кои зедоа учество околу 6.000 ученици од 30 средни училишта од Скопје. Тие се натпреваруваа во 10 лиги кои се одвиваа во текот на целата учебна година, се до финалните натпревари коишто се одиграа во мај. На овие натпревари се добија градските прваци во сите колективни спортови, а тие заедно со второпласираните, не претставуваа на натпреварите на државно ниво – кажа градоначалникот Шилегов.


Шилегов потенцираше дека ќе продолжи досегашната пракса и најдобрите екипи од средношколските натпреварувања ќе бидат испратени да се натпреваруваат со екипите со збратимените градови, па така во октомври најдобрите екипи ќе учествуваат на натпревари со нивните соучесници од Нирнберг. Изминативе години учениците учествуваа на спортски натпреварувања во Ниш, Белград, Софија, Љубљана, Загреб и во Истанбул.

 

На средноучилишните лиги на Град Скопје за учебната 2017/2018 година беа постигнати следниве резултати:

 

Футсал – мажи

 

Прво  место: СУГС „Цветан Димов“

Второ место: СУГС „Зеф Љуш Марку“

Трето место: СУГС „Аресени Јовков“

 

 

 Футсал – жени, како најдобри се издвоија:

 

Прво   место: ДУФК „Методи Митевски-Брицо“

Второ место: СУГС „Орце Никололов“

Трето место: СУГС „Лазар Танев“

 

 

Во ракомет – жени, првите три места ги освоија:

 

Прво   место: ДУФК „Методи Митевски-Брицо“

Второ место: СУГС „Никола Карев“

Трето место: СУГС „Васил Антевски – Дрен“

 

 

Во ракомет – мажи, најдобри беа екипите:

 

Прво   место: ДУФК „Методи Митевски-Брицо“

Второ место: СУГС „Јосип Броз-Тито“

Трето место: СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“

 

 

Во одбојка – мажи, првите три места ги освоија:

 

Прво  место: ДУФК „Методи Митевски-Брицо“

Второ место: СУГС „Здравко Цветковски“

Трето место: СУГС „Зеф Љуш Марку“

 

 

Во одбојка – жени, најдобар резултат постигнаа екипите:

 

Прво   место: СУГС „Никола  Карев“

Второ  место: СУГС „Орце Николов “

Трето  место: СУГС „Јосип Броз -Тито“

 

 

Во кошарка – мажи, најдобри беа екипите: 

 

Прво   место: СУГС „Орце Николов“

Второ место: СУГС „Арсени Јовков“

Трето  место: СУГС „Никола Карев“

 

 

Во кошарка жени, како најдобри се издвоија:

 

Прво  место: СУГС „Орце Николов “

Второ место: ДУФК „Методи Митевски-Брицо“

Трето место: СУГС „Арсени Јовков “