ПРИСТИГНАТИ 290 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА KУПУВАЊЕ ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ 12.5.2017
На јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за купување печки на пелети кој заврши на 13.03.2017 година поднесени се вкупно 290 барања од граѓаните.
Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети е на терен и врши увид во документацијата и локациите каде што ќе бидат заменети старите печки на дрва, јаглен, нафта и мазут и ќе бидат поставени новите печки на пелети.
Овој проект е дел од мерките кои Градот Скопје ги презема заради подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух преку заеднички активности на локалната самоуправа и граѓаните.
На минатиот Јавен повик, кој беше објавен во 2016 година, беа доделени 196 субвенции на граѓаните, за што беа издвоени 5.896.000 денари од Буџетот на Град Скопје. Поради големиот интерес кој го покажаа граѓаните за овој тип субвенции, во 2017 година во Буџетот на Град Скопје се предвидени 10 милиони денари.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
