СЕ ПОСТАВУВААТ СТОЛПЧИЊА И СЕ СПУШТААТ РАБНИЦИ НА ВЕЛОСИПЕДСКАТА ПАТЕКА НА БУЛЕВАРОТ ИЛИНДЕН 22.3.2016
![]() |
![]() |
Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат столпчиња по должината на велосипедската патека на булеварот Илинден, ги преместуваат автобуските станици и другите физички препреки и ги спуштаат рабниците при влезот во крстосниците, за да се овозможи непречено движење на велосипедистите.
Велосипедската патека по должината на булеварот Илинден е дел од рутата 1 од сложениот проект СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017, која овозможи поврзување на Гази Баба, преку центарот на градот со Карпош. Како дел од рутата 1, Градот Скопје ги изгради и реконструира следниве велосипедски патеки:
- на булеварот Александар Македонски, од клучката кај хотелот „Континентал“, до клучката Естекада, од двете страни;
- на улицата Беласица, од булеварот Гоце Делчев до клучката кај хотелот „Континентал“, од двете страни;
- на булеварот Гоце Делчев, од булеварот Крсте Мисирков до улицата Беласица, од двете страни;
- на булеварот Илинден, на потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до фонтаната „Лотосов цвет“ и
- на булеварот Илинден, на потегот од Матично до крстосницата со улицата Љубљанска.
Во текот на 2015 година беа изградени и реконструирани и велосипедските патеки на улицата Ѓорче Петров, од булеварот Македонска војска до мостот за Сарај; на булеварот Крсте Мисирков, од Адвокатската улица до Кеј „Димитар Влахов“; на булеварот Крсте Мисирков, од булеварот Гоце Делчев до Бит-пазар и на булеварот Кузман Јосифовски Питу, од Железничката станица до булеварот Кочо Рацин, од двете страни.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ


