РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ПЕЛЕТИ 24.11.2017
Почитувани,
Градот Скопје денеска /15.11.2017 година, среда/ распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за купување печки на пелети за 2017 година.
Станува збор за втор јавен повик коишто во 2017 година и со истиот е предвидено да се дореализираат средства предвидени за оваа намена во 2017 година согласно донесениот буџет на Град Скопје.
Оваа мерка и нејзиното финансирање се предвидени согласно буџетот на Град Скопје за 2017 година и градоначалникот Шилегов може оваа мерка да ја реализира во нејзината постојана форма и обем (предвидени средства).
За било каква промена во оваа мерка (и други предвидени со Буџетот на Град Скопје за 2017 година), потребно е промена на програмите и буџетот на Град Скопје, а тоа може да се реализира само со одлука на Советот на Град Скопје, а не на градоначалникот Шилегов. Од таа причина, градоначалникот Шилегов може да делува на ова поле во рамките на постоечкиот буџет и да ги реализира постоечките проекти, кои се донесени од претходниот состав на Советот на Град Скопје, каде мнозинството беше токму во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.
Борбата против загадениот воздух во Скопје е една од главните заложби на градоначалникот Шилегов. Токму од тие причини, во буџет на Град Скопје за 2018 година, мерките против загадениот воздух ќе имаат приоритетно место и за истите ќе бидат предвидени многу повеќе финансиски средства за нивна реализација и имплементација.
Мерката за субвенционирање за набавка на печки на пелети се спроведува согласно сите истражувања и препораки за борба против загадувањето на воздухот и е насочен кон намалување на загаденоста предизвикана од загревањето на домаќинствата, која според сите истражувања е најголемиот причинител на високата загаденост.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
