„СУПЕР СКОПЈЕ“ НА БОЕМСКА УЛИЦА 09.9.2017
Утре, 8 септември /петок/ и во сабота /9 септември/ големата летна забава „Супер Скопје“, којашто се одржуваше во текот на претходните три викенди, продолжува на БОЕМСКА УЛИЦА.
Утре, 8 Септември /петок/, забавата ќе почне во 21 часот со настапот на Влатко Илиевски, а ќе продолжи со настапите на групите СИНТЕЗИС и ФОЛТИН. Бината ќе биде поствена на улицата „Боемска 1“ пред гостилницата Канцеларија.
На 9 септември /сабота/ присутните ќе ги забавуваат во 21 часот Нино Величковски и Тамбурашите, а ќе продолжат Љубојна и Оркестарот на Џамбо Агушев на бината којашто ќе биде поставена на улицата „Боемска 2“ на просторот помеѓу гостилниците „ Кај Перо“ и „Идадија“.
Проектот „Супер Скопје“ доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје, кои како најупатени директно беа инволвирани во изборот на изведувачите кои ќе настапуваат на соодветните локации.
Главен организатор на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).
За потсетување, согласно со одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час .

- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
