УЧЕНИЦИТЕ НА СУГС „ЛАЗАР ТАНЕВ“ НИЖАТ УСПЕСИ НА СВЕТСКИ НАТПРЕВАРИ 12.5.2017
Учениците учесници на натпреварот за „Еногастрономија“ во Болоња, Италија и директорот на СУГС „Лазар Танев", Зоран Николовски, вчера остварија средба со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на којашто разговаа и му ги пренесоа импресиите и деталите за натпреварот.
Христијан Николовски од средното угостителско-туристичко училиште на Град Скопје „Лазар Танев" го освои првото место во Европа на натпреварот за бармени во Болоња, Италија.
СУГС „Лазар Танев" го освои и високото четврто место на вториот натпревар за „Еногастрономија“, на којшто учениците од ова средно училиште ја презентираа Македонија со сите еногастрономски карактеристики пред над 20. 000 посетители на плоштадот во Болоња, Италија.
Штандот на нашето училиште „Лазар Танев" доби убедливо најголем број гласови од посетителите, односно 6.388 гласови, во конкуренција од вкупно 68 штандови (училишта) од Италија и 15 странски држави.
Успесите коишто во изминативе години ги имаат учениците на СУГС „Лазар Танев", што се преточени во голем број освоени награди на повеќе натпревари се голема промоција на Република Македонија на туристичките и на еногастрономските потенцијали пред Европа....
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
