ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ИНФОРМИРАНОСТ СО ПРЕНОС ВО ЖИВО НА СЕДНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 23.8.2018
На наредната седница, која што ќе се одржи во четврток (23.08.2018 година), Советот на Град Скопје ќе одлучува за набавка на техничка опрема за реализација на видео пренос на седниците на Советот на Град Скопје во живо.
Со ова ќе започне процесот на создавање услови за пренесување на седниците на Советот на Град Скопје во живо, активност која има за цел да ја зголеми информираноста на граѓаните за работата на ова тело, како и за зголемување на транспарентноста во работењето на Град Скопје.
Со оваа одлука се одобрува набавка на опрема во вид на три професионални видео камери, осветлување, компјутерска опрема и останата техничка опрема за реализација на оваа активност.
Преносите би се реализирале на официјалната веб - страница на Град Скопје, како и на официјалните страници, канали и профили на Град Скопје на социјалните Интернет мрежи и медиуми.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
