ТРЕМОЛО 2018 07.5.2018

Детскиот културен центар - Карпош и Град Скопје од утре (3 мај) до 6 мај 2018 година, го организираат интернационалниот фестивал за класична гитара „Тремоло“.
Овој интернационален фестивал, кој по деветти пат се одржува во Скопје, е натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.
Оваа година членови на жирито се светски познатите гитаристи: Никола Монтела од Италија, Зоран Аниќ од Хрватска, Џевдет Сахатчија од Косово, Николај Михајлов од Бугарија, а претставници во комисијата од Македонија се: Дарко Багески, Борче Наумовски и Љубомир Наќески.
На задоволство на скопската публика ќе се одржат три концерти во Музејот на Македонската борба-Скопје на 3 мај од 20 часот, МКЦ - Клуб &Ресторан на 4 мај од 21 часот и во „Културно информативниот центар“-КИЦ во Салон 19,19 на 5 мај од 20 часот.
На 6 мај ќе се одржи концерт на победниците по категории на натпреварот во Концертната сала на ДКЦ „Карпош“ во 18,30 часот, каде што воедно ќе се доделуваат наградите и признанијата на учесниците.
ПРОГРАМА
3 мај 2018 (четврток)
Oтворање на Фестивалот со Никола Монтела - Италија
Музеј на Македонската борба-Скопје од 20 часот
4 мај 2018 (петок)
Џез Трио „Кабадаја“ - Македонија
МКЦ- Клуб &Ресторант од 21 часот
5 мај 2018 (сабота)
ДУО „Мучкалица“ - Србија
Зоран Аниќ и Ненад Љубеновиќ
Салон 19,19- КИЦ од 20 часот
6 мај 2018 (недела)
Концерт на победници по категории - класична гитара
„ДКЦ-Карпош“ од 18,30 часот
Влезот за сите концерти е бесплатен.
Со успешната реализација на фестивалот „Тремоло“, ДКЦ Карпош дава поттик и поддршка за развивање и унапредување на овој вид уметност во Република Македонија.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
