ПРОДОЛЖУВА ТРЕТИРАЊЕТО НА ГРАДСКИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ СО КАЛЦИУМ МАГНЕЗИУМ АЦЕТАТ 05.1.2016
Градот Скопје го продолжува третирањето на градските сообраќајници со средството калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.
Со средството калциум магнезиум ацетат ќе се прскаат булеварот Свети Климент Охридски и улиците Свети Кирил и Методиј и Јордан Мијалков, во центарот на градот, како и дел од булеварите Србија и Трета македонска бригада, во Аеродром. Прскањето вечерва ќе почне во 20 часот и ќе се одвива кога тоа го дозволува температурата на воздухот (за да не настане голомразица).
Градот Скопје ги информира граѓаните дека брзината на сообраќајниците каде што ќе се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри/час, заради можна појава на лизгавост на коловозот. На улиците е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
