ОТВОРЕН 10-ОТ ЈУБИЛЕЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО ТРИАНГЛА 28.9.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски денеска /10.09.2017 година, недела/ присуствуваа на отворањето на традиционалниот турнир во мал фудбал „8 Септември“, коишто се одржува по повод Денот на независноста на Република Македонија.
Ова е 10-то јубилејно издание на овој турнир, кои и оваа година ќе се одржи на спортското игралиште во населбата Триангла, а истото е финансиски поддржано од страна на Градот Скопје и Општина Гази Баба.
Градоначалникот Трајановски се обрати пред присутните, посакувајќи им добра забава, фер плеј игра, многу среќа и умешност.
- Градот Скопје и Општина Гази Баба како покровители на овој настан, Ве покануваат во наредните триесеттина дена на еден од најголемите турнири во мал фудбал во Македонија, низ фер плеј игра и фудбалски мајстории, заедно да се дружиме и да им дадеме поддршка на овие фудбалери. Радува податокот дека секоја година се пријавуваат се повеќе екипи од повеќе општини од Скопје и од Македонија, дека одгласот во публиката е се поголем, а дека за афирмацијата на турнирот, покрај организаторите и покровителите, секако се заслужни и бројните спонзори коишто обезбедија вредни награди – кажа градоначалникот Трајановски.
На турнирот „8 Септември“ оваа година учество ќе земат над 50 екипи, кои ќе се натпреваруваат во 8 групи, при што најдобрите 4 екипи од секоја група ќе поминат во елиминационата фаза.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
